Мицкоски вели два од три услови за ЕУ, лично не исполнува ниту еден

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Софија потврди средба, Муцунски и Петрова треба да се сретнат утре. Форматот уште не е договорен. Вчера арамијата очекуваше коњопој и ништо друго. Денес вели само дијалог.

Истата средба, различна реченица.

Потоа ги наброја условите за постепена интеграција. Вкупно три.

Првиот, реформи, допрва ќе утврдувал. Вториот, безбедност, вели го имаме. Третиот, јавни набавки, следната недела во Собрание.

Два од три, вели. Чека да му кажат што е првото.

Првото е кажано. Рокот беше до 2025 и истече. Па доби една година продолжување. Па 1 јуни, тоа е негова реченица. Ништо не е завршено.

Реформите никој кај нив веќе не ги спомнува. Забранет збор. Независно судство и обвинителство, тоа е потребната реформа. Ништо нема. Тоа им е вратено уште пред шест месеци.

Криминалот и корупцијата се нивно име и презиме. Како да исполниш услов ако условот е да бидеш приведен? Затоа бегство од ЕУ. Затоа бегство од Лаура Ковеши.

Второ, безбедност. Пет тони дрога преку граница, кон сестринската СНС. Полиција, царина, надзор, Safe City. Никој, ништо. Нема име.

Не можат да го исполнат затоа што самите го прават она од што безбедноста треба да штити, и ги држат институциите што треба да ги приведат.

Трето, јавни набавки. Нема тендер што не е наместен за бандата. Тендер за татко, а ДКСК и обвинителството прават тест на татковство наместо да го применат законот. Министерот за внатрешни работи хиперхлорира вода, наместо да приведува.

Затоа граѓаните треба да знаат. Проблемот не е ЕУ. Проблемот не се реформите. Ги спроведоа сите 27 земји членки.

Проблемот е што Македонија ја води организирана криминална група, ВМРО, со шеф – арамијата Мицкоски.

Европа не ги сака нив во семејството. Граѓаните, што бројат од први до први, не се проблемот.

ЕУ има правила. Законот е ист за сите. Кој ќе го прекрши, одговара. Просто е. За банда не е.