Европската иднина на Македонија мора да биде конкретна национална цел околу која ќе се обединат сите сили во општеството, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.
Филипче истакна дека европската интеграција не е проект на една партија, една влада или една генерација, туку долгогодишен македонски стремеж за слободна, праведна и европска држава, во која секој човек ќе има достоинство и перспектива.
„Затоа, наша следна голема национална задача е заедничка. Европската иднина и европски можности за секое младо момче и девојка тука во Македонија. Не некогаш, не во некоја неодредена и којзнае која иднина, туку како конкретна национална цел околу која ќе ги обединиме сите сили во општеството, затоа што европската интеграција не е проект на СДСМ“, не е проект на една влада, не е проект на една генерација. Тоа е децениски македонски стремеж за подобра иднина, за слободна, праведна и европска Македонија. За држава во која секој човек ќе има достоинство и иднина“, порача Филипче.
Тој посочи дека европската иднина е особено важна за младите, кои мора да имаат можности да останат во сопствената држава и тука да ја градат својата иднина.
„Нашата генерација мора да се избори децата да останат да живеат тука дома. И тоа е нашата историска задача“, рече Филипче.
Линк до видеото :




