Соопштение за јавност
Мицкоски зборува за исправена глава и несвиткана кичма. Пред Бугарија. За Европа. За достоинство. На 11 Октомври.
На денот на Народното востание. На празникот на оние што се бореа против окупаторот и против Ванчо Михајлов.
А собрал едвај сто луѓе.
Падот на ВМРО-ОКГ се гледа и тука. Партиските војници повеќе не доаѓаат да го поддржат. Се виде за Илинден. Се гледа и денес.
Освен сто платеници и најблиски соработници на бандата, никој друг нема.
Не може арамијата да собере народ. Не на овој датум. Не на оваа борба. 11 Октомври не е негова сцена. 11 Октомври е на оние што не се потчинија, на оние кои не зедоа туѓ пасош за да глумат патриоти, на оние што не го викаа народот талог.
Кампањата му е по Ванчо и речникот му е по Ванчо. Талог, мочуриште, медиокритети, глодари. Па доаѓа на празникот на оние што се бореа токму против тоа и зборува за исправена глава.
Глава се исправа со реформи, со подобар живот, со независно судство, со европско обвинителство. Со Лаура Ковеши. Со закон што важи за сите. Не со говор пред сто луѓе. Не со ходник дипломатија. Не со провокација пред средба.
Кичмата не се исправа на 11 Октомври ако речникот е од Ванчо. Народот го знае својот празник. Не му треба арамија да му објасни за достоинство.
Достоинството е во борбата што ја памети. Не во бандата што ја води.



