На ВМРО и Мицкоски им се поматил умот, објавија пад од 41 проценти ама дека народот живее добро и сака да го нарекуваат талог

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Иста агенција, ист период, ист примерок. Прво објавија пад на рејтингот на 19,3 проценти. Од околу 32% на изборите, на 19% сега. Тоа е пад од околу 40 проценти.

А наслов ставиле: водство. Бројката значи бегство. 41 % од граѓаните рекле дека нема да излезат, не знааат или не сакаат да одговорат.

Потоа друга бројка објавија. 57,5 % од граѓаните билеа задоволни од квалитетот на живот.

За прославата на 35 години од независност, 41,2 проценти имале позитивен став. Значи народот е презадоволен што Гета се плати 5,53 милиони евра.

Тоа сака Мицкоски да ни каже.

Нема пари за земјоделците. Нема пари за студентите. Нема пари за работниците. Има за Гета и за провизија.

Вели народот бил задоволен. Кој народ? Во која бајка живее арамијата?

Значи во ист месец: партијата паѓа, а животот е добар.

Како тоа?

Со Гета. Со 5,53 милиони евра народни од Лотарија. Со бина што ја плати касата што требаше да влезе во буџет. Со нула денари што испаднаа милиони евра.

Задоволството од живот не се мери со диџеј. Се мери со полн џеб, кошничка и полн фрижидер. Две минимални плати не ја покриваат ниту измислената владина кошничка, намерно напревена пониска. Со кирија, синдикалната кошничка оди и над 90.000. Горивото е до плафон.

Прават втор ребаланс за четири месеци, трет најавен затоа што нема пари. За пензии фали околу една милијарда евра. Во буџетот фалат 900 милиони евра. Направија долг од околу 4 милијарди евра за две години.

Во иста анкета, прашање за талогот. Кампања на Мицкоски по углед на Ванчо Михајлов. Ова уште ниту една анкета никаде го немала.

Прашува Мицкоски во анкета дали на народот му се допаѓа што го вика талог. Поделени биле. Вели 41 процент сака Мицкоски да го вика талог?

Дали некој некогаш видел ваква анкета?

Прво призна пад од околу 40 проценти на ВМРО. Рече дека луѓето повеќе не ги сакаат, ама го сакаат Гета, дека е во ред што платил 5,53 милиони од пари на граѓаните, и на крај народот сака да го викаат талог.

Мицкоски и неговата банда повеќе не знаат што прават. Економијата е во колапс. Имаат ходник дипломатија. Целосно незадоволство на народот.

ВМРО-ОКГ е елита, а шефот на бандата институција.

Нека граѓаните сами ја оценат анкетата.