Соопштение за јавност
Се јавија предавниците од ЗНАМ. Прво на партијата, потоа на гласачите.
ЗНАМ од Прилеп прашува против кого пукнала првата пушка на 11 Октомври.
Квислинзи, дел од тендерската коалиција, тие што грабаат од Пошта, зборуваат за антифашизам.
Тие. Со бугарски пасоши. Со Максо што има фирма во Бугарија. МБС Глобал, Бургас, 7 август 2015. И потоа прашуваат за Бугари?
Ова не е историја. Ова е далечинско. Стиснато копче од арамијата и се јавува сателитот.
Прва верзија ЗНАМ. Истата што заедно со Спутник Левица и со Платформата за 1,6 милиони евра бара реформи во СДСМ.
Тие што ја предадоа партијата, па гласачите, па седнаа на маса со анти-ЕУ, анти-НАТО и против Америка.
Максо го продаде плацот за Лидл. Преку кум. 250 илјади, па 600 илјади. 350 илјади чист профит преку ноќ. Потоа ДУП кај градоначалникот. Тоа е идентитетот што го чува.
Максо ја полни депонијата. Жителите на Пчиња ја блокираат Краста поради пожари и чад. Шест месеци ништо. Сега ѓубрето од Куманово оди на скопска Дрисла.
Деца во училиште му пеат предизборна песна. Во Кочо Рацин, каде работи сопругата. На хуманитарен настан. Тоа е патриотизам на ЗНАМ.
И сега нашле тема. Пушка. Бугари.
Затоа арамијата го праќа Тимчо – чиракот на разговор што сам го нарече коњопој.
Нема одговор за изолацијата. Нема реформи. Нема Лаура Ковеши. Има сателит што треба да дефокусира.
Кога Македонија ќе продолжи кон ЕУ, кога народот ќе ја врати власта во свои раце, сите ќе се најдат пред независно судство и европско обвинителство.
Таму нека расправаат. Со Мицкоски. Не со СДСМ. СДСМ не е нивното далечинско.



