Соопштение за јавност
Додека пациентите чекаат со месеци за дијагностика, апаратите и скренерарите не работат, терапиите доцнат, нема лекови Владата на Мицкоски со новиот ребаланс ги намалува парите за здравството.
Од капиталните инвестиции се кратат 100 милиони евра. Помалку пари се предвидуваат за болниците во Штип и Кичево, но и за ретки болести и за инсулин.
Власта ги намалува парите за здравјето на граѓаните, во услови кога здравствениот систем веќе е во хаос.
Три недели во Клиничкиот центар не работеше ниту еден компјутерски томограф.
Пациентите чекаат прегледи неопходни за навремена дијагноза и лекување.
ПЕТ-скенот, неопходен за онколошките пациенти, во изминатите две години е проследен со дефекти и прекини во работата. По последното пуштање во употреба работел само неколку дена, па повторно се расипал. Пациентите чекаат и по пет месеци за преглед од кој зависи понатамошното лекување.
Само минатата година биле дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка.
Наместо навремена дијагностика и сигурна терапија, онколошките пациенти во повеќе наврати остануваа со месеци без потребните лекови поради административна неодговорност и незаинтересираност на власта.
За овие пациенти секое одложување на прегледот или терапијата може да има животозагрозувачки последици.
Дел од клиниките работат со само една операциона сала, со недостиг на медицински персонал и со апарати чија исправност е неизвесна. Граѓаните редовно плаќаат здравствено осигурување, а потоа лутаат од една во друга болница и чекаат со месеци за основна здравствена услуга.
Во Гостивар 5.000 луѓе се отруја. До денеска нема одговорност, а јавноста сè уште нема објавени резултати за водата, нема Извештај ниту за Гостивар ниту за над 50 населени места.
Во 21 век, додека здравствените системи вложуваат во нови технологии и современо лекување, власта на ВМРО не обезбедува ни исправни основни апарати, редовна терапија и навремени прегледи.
Ова е потфрлање во најважната обврска на секоја влада – заштитата на здравјето и животот на граѓаните.
Мицкоски и Клековски не можат да побегнат за хаосот во здравството.
Клековски треба да поднесе оставка.



