Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор
Се потврдува сè што го говоревме.
Последните информации од медиумите во Србија говорат дека Алта банка, која се смета за сопствеништво на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО – СНС, започнала забрзано и интензивно да префрла големи пари во Македонија и во Русија.
Процесот, според овие информации е започнат од 26.10, по изборите и паѓањето на шефот на Мицкоски – Александар Вучиќ.
Нова.рс пренесува информации од познатиот адвокат Ниниќ дека интензивно се префрлаат големи пари на сметки на правни лица лоцирани во Москва и во Скопје.
Ниниќ, е член на независната граѓанска Анкетна комисија која беше формирана од универзитетски професори и стручни лица од различни области за истражување на одговорност за падот на настрешницата во Нови Сад.
Дали ова значи дека црните пари, криминалните пари, на соборениот режим на Вучиќ и СНС, сестринската партија на ВМРО во Србија, се префрлаат во Македонија?
Јавното обвинителство мора веднаш да постапи, да отвори истрага, да се утврди потеклото на парите и да се спречат сите можни злоупотреби во Македонија.
Предупредувавме, еве почнува.
Сè што кажавме се потврдува.
Затоа Мицкоски и Трајко Славевски дозволија Алта банка да влезе во Македонија.
Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски во Македонија.
Иако Европската централна банка ѝ забрани преземање акции од австриска банка. Иако е под истрага за сомнително потекло на капитал.
Во Европа е запрена, во Црна Гора има забрана, а кај нас купи банки и осигурителна куќа.
За сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, близок до СНС и многу близок до Александар Вучиќ, се предложени и санкции во американскиот Конгрес.
Од менувачница во Земун до милијарди за неколку години и влез во Македонија.
Како што рековме, падот на Вучиќ ќе донесе разврска на сите криминални соработки со Мицкоски.
Го повикуваме гувернерот на НБМ, Трајко Славевски, веднаш да излезе пред македонските граѓани и да одговори што ќе преземе.
А јавниот обвинител да не чека повик по телефон, туку да постапи веднаш.
Истрага. Одговорност.
Доаѓа време на вистина и правда.
Линк до видео:
