ВМРО-ОКГ и Мицкоски во паника, почнува дефокусот од темата Алта банка со Модуларна, судството и лажни вести

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денес ќе излезат со соопштенија за модуларна, за судство и за секакви глупости. Целта е дефокус од главната тема Алта банка.

Банка во служба на криминал и корупција.

Банка на Вучиќ за перење пари украдени од буџетот на Србија, за Мицкоски од буџетот и од граѓаните на Македонија.

Банка за перење пари на балканскиот картел и пари од дрога.

Истата банка што го финансираше медиумскиот систем на Орбан и Вучиќ во Македонија. Алфа ТВ, Euronews, Ало група.

Алфа-Алта паѓа.

Пандорината кутија е отворена. Домино ефектот продолжува.

Падна Орбан. Паѓа Вучиќ. Сега е ред на Мицкоски и на ВМРО-ОКГ.

Армегедон почнува за организираната криминална група и за нејзиниот шеф.

Нема повеќе криење зад „талог“.

Мицкоски, правдата доаѓа по тебе и по твојата банда.

Ништо од ова не може да го запре, посебно не дефокус со лажни вести.

СДСМ нема да дозволи да се смени темата. Алта банка е темата. И таа ќе остане.