Кој беше во Управниот одбор и во менаџментот на Алта банка на која Славески и ја даде дозволата и ја бранеше?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антикорупцискиот тим на СДСМ уште во декември 2025 година ги објави деталите.

Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски.

Преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на српската Алта банка се случи веднаш по доаѓањето на ВМРО-ОКГ на власт.

Гувернерот Трајко Славески ја даде согласноста.

Кој беше во Управниот одбор и во менаџментот?

До пред некое време член на Управниот одбор на банката беше Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски. По објавувањето на СДСМ, одлуката за нејзиното именување беше стопирана.

Славески тогаш ја бранеше банката. Ја повика Алта банка да го тужи СДСМ.

Банката не можеше да тужи затоа што Антикорупцискиот тим на СДСМ сериозно се занимава со истражување на корупцијата и криминалот на ВМРО-ОКГ, како и со нивните врски со балканскиот картел на чело со Вучиќ, а не како со лажни вести – Информер ВМРО-ОКГ и нивниот БИА „Началник“ Латас, и неговата партнерка Ивона.

Подоцна се појавија и други имиња блиски до ВМРО-ОКГ во менаџментот и во Надзорниот одбор: Лидија Неделкова симбол на „Сваровски судството“, Стевчо Јолакоски, баџанак на Панче Тошковски, Марјан Закев и други.

Цела структура. Дел од мафијашкиот синдикат.

Банка преземена со цел перење пари стекнати преку криминал и корупција.

Истите што тогаш се закануваа со тужби затоа што ги нарековме слуги на Александар Вучиќ и на неговиот режим, денес сè уште седат како најблиски соработници на Христијан Мицкоски.

Истите и понатаму работат за остатоци од службата на БИА која наскоро ќе биде расформирана со доаѓањето на новата власт во Србија.

Сега банката во Србија е без дозвола за работа. Во стечај. Сопственикот е вратен од границата. Обвинителството во Србија отвора предмет.

Во Македонија Славески вчера вели дека е нормално да се префрлаат енормни количини пари додека граѓаните во Битола чекаат во неизвесност во редови.

Славески ја даде дозволата. Славески ја бранеше банката. Славески сега ќе биде жртвено јагне, како што беше и во 2009.

Мицкоски преку Вучиќ ја донесе банката.

Цело ВМРО-ОКГ беше во управниот одбор и во менаџментот.

Депозитите на јавните претпријатија, на министерствата и на фирмите поврзани со криминални тендери сега се под ризик.

Бараме од Народната банка уште денес контрола и суспензија на гласачките права на сопственикот.

Бараме од обвинителството уште денес кривична постапка против Мицкоски, против гувернерот Славески и против сите што учествуваа во процесите околу Алта банка.

Пандорината кутија е отворена. Домино ефектот продолжува. Падна Орбан. Паѓа Вучиќ. Сега е ред на Мицкоски и на организираната криминална група ВМРО.