ВМРО-ОКГ одбележа 5 години неработење во Аеродром

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Милутин Ристески – претседател на Општинска организација СДСМ Аеродром и Советник

И по 5 години власт на ВМРО-ОКГ во Општина Аеродром, градоначалникот Дејан Митески се фали со стари проекти и тековни активности. Тоа се полни 5 години неработење и целосно отсуство на слух за потребите на граѓаните.

По 5 години Дејан Митески се фали со новите објекти на училиштето Блаже Конески и градинката Изворче во Стар Аеродром, направени со средства обезбедени од Владата на СДСМ уште во Буџетот за 2024 година.

Ветувањето за изградба на 4 градинки е заменето со ново за изградба на 5 градинки во Аеродром. За 5 години ниту една од овие 5 градинки не е започната да се гради.

Митески сè уште се фали со еднократната помош за новороденче воведена во мандатот на Ивица Коневски, а зголемена од 5.000 на 8.000 денари во мандатот на Златко Марин. При тоа ветувањето за новото зголемување на 20.000 денари исчезна во заборав.

Од ветените 3.000 нови паркинг места и велопатеки на секоја улица изградени се одвај стотина паркинг места и ниту една велосипедска патека.

Со „шверцерското“ усвојување на ДУП-от за населба Лисиче се отвори простор за изградба на висококатница и бетонизација на една од најубавите населби во Скопје.

Нечистотија на секој чекор. Шампонот на Орце Ѓорѓиевски не стигна до Аеродром. Ѓубрето од преполните контејнери со првиот ветер завршува по парковите, тротоарите и улиците правејќи диви депонии на секој чекор.

Општината тоне во долгови, училиштата и градинките должат милионски суми за сметките за струја, парно, водовод и комуникациски услуги.

Скратени се и средствата за еднократна парична помош за социјално ранливите категории на граѓани од 1 милион на 440 илјади денари.

Пирамидалните тендерски шеми функционираат како никогаш до сега. Дури 22 тендери со вкупна вредност од 11 милиони евра за само 4 години се доделени на една иста фирма – Пирамид Билдинг Солушнс.

СДСМ будно ќе го следи неработењето на градоначалникот и постојано ќе потсетува на сите нереализирани ветувања.

Граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари. Граѓаните заслужуваат чиста и уредна општина, а не нови лаги и празни ветувања.

Линк до видео: