ВМРО-ОКГ наместо контрола на Алта банка во петок, му дава на Латас да пишува приказни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пропагандниот систем на Вучиќ во Србија, Христијан Мицкоски го спроведе и во Македонија.

Наместо Народната банка уште во петок да упати контрола во Алта банка АД Битола, ВМРО-ОКГ го пушта Латас да пишува бајки за „пропаднати банки“ и „стабилен систем“.

Кога компаниите и граѓаните ќе останат без своите пари, кога парите на граѓаните од буџетот, од јавните претпријатија и од општините ќе завршат во стечајната маса на Алта банка, тогаш Латас и Мицкоски повторно ќе објаснат дека е крив Киро Глигоров и цар Самуил, секако и СДСМ.

Знаеме зошто не смеете во контрола. Не смеете да објасните што префрлал Вучиќ.

Орбан вчера го посети Белград и својот другар Вучиќ да понесе пари од истата банка со себе.

Само вие чекајте и пролонгирајте, како со водата во Гостивар. Поради нивното прикривање на одговорноста, 5.000 луѓе завршија во болница поради труење.

Народот ќе ви суди. И сигурни бидете дека ќе ви суди независно судство и европско обвинителство.

Ќе одговарате, знаете и сами. Секој ден е за вас бонус. Веќе досега имате стотици години затвор за сите дела што сте ги сториле.

Подобро спасете ги парите на граѓаните, отколку и за тоа да одговарате.

Алта банка во Србија е без дозвола за работа. Во стечај. Сопственикот е вратен од границата. Обвинителството во Србија отвора предмет.

Во Македонија Славески вчера вели дека е нормално да се префрлаат енормни количини пари додека граѓаните во Битола чекаат во ред и во неизвесност.

Народната банка соопшти дека „следи“. Не соопшти контрола. Не соопшти суспензија на гласачките права на сопственикот. Не соопшти заштита на депозитите на државата и на јавните претпријатија.

Бараме од Народната банка уште денес контрола и суспензија на гласачките права.

Бараме од обвинителството уште денес кривична постапка против Мицкоски, против гувернерот Славески и против сите што учествуваа во процесите околу Алта банка.

Пандорината кутија е отворена. Домино ефектот продолжува. Падна Орбан. Паѓа Вучиќ. Сега е ред на Мицкоски и на ВМРО-ОКГ.

Власта ќе се врати во рацете на народот.