Савески, прво блокирај ги повиците од Мицкоски, потоа извади ги предметите од фиока!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Савески е свесен дека извештајот на ЕК зборува за влијанието на Мицкоски врз него самиот.

Савески гледа што се случува со организираната криминална група СНС што ја води Вучиќ. Дел од таа организирана криминална група е во Македонија под името ВМРО и со шеф – арамијата Мицкоски.

Савески, доколку сака да се спаси себе од процесите што го чекаат од денот кога власта ќе биде вратена во рацете на народот, мора веднаш да почне да постапува по случаите што се заглавени во фиока.

Одговорност за трагедијата во Кочани, труењето на 5.000 луѓе во Гостивар, 5 тони дрога што завршија кај сестринската партија СНС, случајот со Дејвид Гета и исплатите од Лотарија, нападот врз младите во Ново Село, Pegasus софтверот во МВР што го набави Тошковски, плаќањето за лоби од страна на трговец со оружје за потребите на Мицкоски, влезот на Орбановиот 4iG, финансирање на Вучиќеви и Орбанови медиуми преку ВМРОовски маркетинг агенции финансирани од Алта банка, финансирање на приватни портали од Лотарија, тендерот за бројила на Сања Божиновска за Лазаревиќ преку Душан Адамовиќ, Алта банка и преносот на пари од Србија, стотици случаи на криминални ВМРО тендери, како и да реши дали “таткото навистина е татко”.

Ете една скромна листа како потсетник за него, за обвинителите и за полицијата.

Веруваме дека има уште луѓе што чесно си ја работат работата, па и тие можат да му достават на Савески случаи што треба да се отворат.

Извештајот на ЕК има директна врска со Савески.

За почеток, ако сака да го поправи, мора да престане да му крева на Мицкоски на телефон, да престане да прима нарачки од Собранието и од телевизиските настапи и да почне да си ја работи работата за која положи заклетва оред народот, а не пред ВМРО.