Мицкоски е во паника, клопчето за Алта банка се одмотува, следува одговорност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес – конференција на СДСМ – Наташа Поповиќ, членка на Извршен одбор

Мицкоски е уплашен и во паника затоа што вистината за Алта банка излегува на виделина. Клопчето се одмотува, а тој се плаши од одговорноста.

Затоа се заканува на СДСМ. Затоа од владина говорница му нарачува на Обвинителството кого да гони и за кое дело.

Тоа е начинот на кој функционира организираната криминална група ВМРО.
Ја обвинува СДСМ за ширење паника.

Како шириме паника кога уште пред една година алармиравме да не се дозволи ова со банката?

Шириме паника и во Европа, во Црна Гора и во Србија каде се постапува против оваа банка и се спречува?

Или всушност во паника е Мицкоски затоа што знае дека ќе одговара затоа што ја донесе Вучиќевата пералница на пари во Македонија.

Кога веќе се повикува на Кривичниот законик, го потсетуваме Мицкоски на членот 368-а, кој се однесува на „попречување на правдата“.

Ставот 5 предвидува затвор од една до десет години за влијание со сила, сериозна закана или корист врз обвинител, судија или друго наведено лице, за постапување спротивно на неговите должности и овластувања, или за спречување во вршењето на тие дејствија.

Тоа го прави Мицкоски со наредбите на обивнителство и заканите кон опозицијата. Ја попречува правдата. Исто како неговиот ментор – Вучуиќ.

Се е копи-пасте.

Видовме во Србија како се руши сега како кула од карти, како се апси, се поднесуваат кривични пријави. Од вистината нема бегање.

Во последниот Извештај на Европската комисија јасно е нотиран политичкиот притисок врз правосудството.

Извештајот на ЕК има директна врска со Савески.

За почеток, ако сака да го поправи, мора да престане да му крева на Мицкоски на телефон, да престане да прима нарачки од Собранието и од телевизиските настапи и да почне да си ја работи работата за која положи заклетва оред народот, а не пред ВМРО.

Не одредува Мицкоски каде смее, а каде не смее да истражува обвинителството во врска со Алта банка.

Има закон, има обвинителство и суд.

Тие мора да одлучуваат, да делуваат, да обезбедат правда.

За Алта банка мора да има независна истрага и одговорност за сите за кои ќе се утврди дека го прекршиле законот. Почнувајќи од Мицкоски, Славевски и Кочовска па потоа сите по ред.

Дадовте заклетва пред граѓаните!

Линк до видео: