Филипче: Мицкоски има директна и најголема политичка одговорност за Алта банка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Премиерот Христијан Мицкоски има директна и најголема политичка одговорност за влезот на Алта банка во Македонија, нагласи претседателот на СДСМ и пратеник д-р Венко Филипче, на денешната Надзорна расправа за „Причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“.

Филипче посочи дека одговорноста кај Мицкоски е и за начинот на кој таа добила дозвола да купи домашна банка, но и за последиците со кои денес се соочуваат граѓаните, и премиерот не може да бега од одговорноста и да се крие зад институциите кога токму неговата улога во целиот случај е клучна.

„Премиере, имате директна и најголема политичка одговорност за ова што се случи кај нас со Алта банка. Прво за влезот на банката кај нас, понатаму за расплетот кој што следеше после изборите во Србија, притворот на газдата Давор Мацура и блокадата на средствата на парите коишто нашите граѓани ги имаат во сега Алта банка Македонија“, рече Филипче.

Тој посочи дека Мицкоски не може да тврди дека не знаел за кого станува збор, бидејќи за Алта банка и нејзиниот сопственик Давор Мацура се зборува веќе една година. Доколку премиерот немал информации за банката и нејзиното работење, тогаш се поставува прашањето како воопшто ја извршува функцијата премиер.

„Година дена зборуваме за тоа кој е Алта банка. Зборуваме за тоа кој е Давор Мацура. Не може вие да не знаете кој е Алта банка и кој е Давор Мацура. Ако вие не знаете или немате информации, не треба и не можете да ја извршувате функцијата којашто ја извршувате. Алта банка е личната банка на Александар Вучиќ“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи дека дополнителна одговорност Мицкоски има и поради влијанието врз јавните претпријатија да продаваат акции на банката, како и поради изјавата на гувернерот Трајко Славески, која отвора сериозни прашања за политичкото влијание врз одлуките на Народната банка.

„Огромна е вашата политичка одговорност. Гувернерот Трајко Славески беше тој кој што тоа го кажа. Понатаму сте влијаеле преку притисок на јавните претпријатија да продаваат акции на банката. Со оглед на тоа што е кратко времето, да го поставам прашањето: што точно му кажавте на гувернерот, кога очигледно сте му дале наредба или ама кога ве прашал што да прави со Алта банка и влезот на таа банка кај нас?“, рече Филипче.

Линк до видео :