Соопштение за јавност
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека вчера на Надзорната расправа, премиерот Мицкоски излажа Алта банка, ја доведе во заблуда македонската јавност, изнесувајќи невистини и манипулирајќи со документи со цел да ја избегне сопствената одговорност за скандалот.
Димитријевиќ го повика јавното обвинителство да го истражи и ваквото постапување на премиерот, кој пред пратениците во Собранието изнесе неточни информации, обидувајќи се да го префрли фокусот од суштинските прашања за Алта банка.
„Премиерот вчера пред целата македонска јавност лажеше, и тоа претседателот на СДСМ го објасни на прес-конференцијата во паузата на надзорната расправа. Оваа прилика пред обвинителството ја користам и да го повикам јавниот обвинител да го истражи случајот како тоа премиер на една држава во Собрание пред пратеници така лаже и дава неточни информации, бидејќи СДСМ во тој момент го штити интересот на државата и нема апсолутно никаква поврзаност тој документ за којшто зборува и којшто премиерот Мицкоски во тој момент не сакаше да го покаже“, рече Димитријевиќ.
Во одговорот, Димитријевиќ посочи дека кривичните пријави кои вчера гувернерот Славески ги поднесе против претседателот на СДСМ, и членови на СДСМ, се само доказ дека гувернерот ги исполнува наредбите на Мицкоски, што е идентично на методите на неговиот ментор, Вучиќ.
„Гувернерот го прави тоа што Мицкоски му го порача пред неколку дена од говорница малку ги заменија улогите, едниов ја продава банката место да си ја работи работата, другиот глуми штаб на на ВМРО и ја напаѓа опозицијата Имам едно само да им порачам, дека нема да се уплашиме, нема да не замолчат и да не пробуваат со вакви методи по принципот на Вучиќ , и ги памтиме и нивните методи добро од времето на Груевски нема да не заплашат. На Народна банка и е подобро да си ја работи и да види редовите пред банките како ќе ги решат и луѓето што не можат да си ги земат пензиите, пензионерите луѓето што не можат да дојдат до сопствените пари, отколку да се заминаваат со опозицијата“, рече Димитријевиќ.
Линк до видео :



