Филипче: За граѓаните нема пари, само за тендерите на Мицкоски има

Facebook
Twitter
LinkedIn

Мицкоски се бори само за своите криминални тендери и за својот профит како шеф на организираната криминална група што ќе ја осиромаши земјата во целост, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Тој посочи дека во буџетот нема пари за граѓаните, но има за тендерите на Мицкоски и неговата банда.

„Реалноста е дека луѓето живеат полошо.Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата.Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки.Мицкоски се бори само за своите криминални тендери и за својот профит како шеф на организираната криминална група што ќе ја осиромаши земјата во целост. Пари во буџетот нема, пари за граѓаните нема. Но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочи дека реалноста што ја живеат граѓаните е сосема спротивна од бајките што ги раскажува Мицкоски, а потврда за тоа се и најновите проекции на ММФ.
„Проекциите на ММФ велат БДП по жител во Македонија ќе изнесува 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора, Албанија. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна. Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите.Граѓаните оваа реалност многу добро ја знаат, ја чувствуваат секој ден.Цените се до плафон а платите стагнираат. Кошничката е 90 илјади денари со стан, ниту три плати не се доволни да се покријат месечните трошоци.Ова сè она што СДСМ го зборува последната година.Сега потврдено и од ММФ“, рече Филипче.
Тој додаде дека вистината за начинот на кој функционира власта излегува на виделина и преку скандалот со Алта банка и врските со Вучиќ.
„Вистината е сега на виделина, и со скандалот со Алта банка, и со неговите врски со Вучиќ. За се ова, одговорност ќе има.Бандата ќе одговара!“, рече Филипче.

Линк до видеото :

Линк до видеото :

https://www.facebook.com/reel/1894990851877617