Филипче: Владата и гувернерот требаше да го заштитат финансискиот систем – зошто не го провериле Мацура?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за „Топ тема“ на Телма телевизија, истакна дека Владата на Мицкоски и гувернерот Славески имале обврска да го заштитат банкарскиот и финансискиот а не да го загрозат со влезот на Алта банка во Македонија. Тој го постави прашањето зошто не бил проверен угледот на инвеститорот Давор Мацура, и покрај јавно објавените сомневања во српските медиуми.

„Тука одговорноста на Владата и на гувернерот е да го штитат нашиот банкарски и финансиски систем. Тоа е нивна работа. Затоа се избрани, изгласани и назначени. Кога ќе ги ставите наспроти лагите што ги кажуваат секојдневно и ваквата негрижа, станува очигледно дека се заинтересирани само за себе“, истакна Филипче.

Тој го проблематизираше и консултирањето со премиерот Христијан Мицкоски во процесот на влезот на банката, бидејќи нема ингенеренции, изразувајќи сомневање дека постапката била
однапред договорена.

„Ако сакате да се договорите со премиерот, како што самиот господин кажува дека се консултирал, тогаш треба да се постави прашањето дали тука постои сомневање за некое дело. Ако го повикале, разговарале со него и притоа веќе имало објави во српските медиуми, тоа значи дека биле запознаени со тие информации. Ние се сомневаме дека целиот процес бил договорен“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ потсети дека партијата предупредувала за влезот на Алта банка уште на крајот на 2025 година и оцени дека случувањата со банката ја потврдиле сериозноста на тие предупредувања.

„Има ли поголем аргумент од она што се случи? Ако ние предупредувавме каква банка влегува во земјава на крајот на 2025 година, во декември, а сега се случува токму тоа, има ли поголем аргумент за нашата кредибилност?“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.