Соопштение за јавност
Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска на денешната прес – конференција укажа дека случајот со бруталното насилство врз Сара од Охрид ги откри сериозните пропусти на институциите и нефункционалноста на системот кој треба да ги штити жртвите, а не насилниците. Тренечевска порача дека мора да има одговорност за пропустите од МВР, Јавното обвинителство и судот.
„Одговорноста дефинитивно е во Министерството за внатрешни работи и во Јавното обвинителство, затоа што не може да се пушти со мерки за претпазливост, насилникот кој што сторил такво брутално насилство.И не може да биде покренато обвинение без да се да се наведуваат членови од Кривичниот законик за телесна повреда, а без да се земат сите околности во предвид. Затоа што и од исказите и од она што го прочитавме на социјалните мрежи и од мајката на Сара, видовме дека тука станува збор за обид за убиство, не за семејно насилство. Ова е класичен пример на насилство врз жени.Бараме одговорност за сите пропусти и санкции за МВР, обвинителство, суд“, рече Тренчевска.
Таа нагласи дека полицијата е првата институција која стапува во контакт со жртвата и токму во тој момент мора да ги утврди сите околности и да постапи согласно законските обврски. Пропустите во првичната постапка можат да имаат сериозни последици по безбедноста на жртвите.
„Првиот контакт со жртвата го има полицијата и тука ја гледаме најголемата одговорност. При првиот контакт мора да се земат сите околности во предвид. Законот јасно кажува кои се обврските на Министерството за внатрешни работи, на полицијата и што треба да произлезе од првиот контакт на полицијата со жртвата“, рече Тренчевска.
Тренчевска посочи дека Јавното обвинителство мора да излезе со конкретни и точни информации за постапувањето, наместо јавноста да дознава за случајот преку медиумите и да се создаваат дополнителни сомнежи.
„Ние она што го знаеме, го знаеме од медиумите и она што го читаме во медиумите. Еднаш е сменет јавниот обвинител. Како жени нема да молчиме, туку силно ќе се спротивставиме. Нема да прифатиме во Македонија жените да живеат во страв, а насилниците да се чувствуваат недопирливи. Државата мора да биде посилна од насилството, а институциите мора да бидат на страна на жртвите“, рече Тренчевска.
Линк до видео:


