Филипче: Мицкоски ветуваше дека струјата нема да поскапи, сега се најавува поскапување кое ќе ги крене и цените

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски ветуваше дека струјата нема да поскапи, а сега најавува ново поскапување на струјата и парното кое директно ќе удри по стандардот на граѓаните и ќе предизвика нов раст на цените на сите производи, потенциарше претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска на прес-конференција. Филипче предупреди дека ова е уште една потврда за лошите економски политики на Владата и за нејзината неспособност да го заштити животниот стандард на граѓаните.

„Иако токму тој во септември ветуваше и укажуваше дека струјата нема да поскапи, претседателот на Регулаторната комисија, член од ВМРО-криминалната група, Ацо Ристов, чија сопруга е член на Судскиот совет, најави зголемување на струјата. Ете толку од добрите економски политики на оваа власт и толку од желбата да се зачува, во најмала рака, а не пак да стане збор како што гледаме, за зголемување на стандардот на граѓаните“, нагласи Филипче.

Тој рече дека ова ќе значи дополнително поскапување на производите.

„Што ќе се случи после Нова година? Ова зголемување на струјата за дополнителни 2-3% ќе повлече повторно поскапување на буквално сите производи кај нас“, предупреди претседателот на СДСМ.

Филипче укажа дека граѓаните веќе се соочуваат со сè повисоки трошоци за живот, а синдикалната кошничка повторно е зголемена и достигна 71.000 денари.

„Се наоѓаме во катастрофална ситуација со буџетот, која премиерот се обидува да ја замаскира со неговата секојдневна демагогија, која сè полошо ја продаваат неговите пропагандни медиумски канали, затоа што луѓето гледаат сè повеќе колку потешко се живее дополнително, од почетокот на следната година, кога ќе поскапи струјата и понатаму ќе повлече да поскапи и сè друго“, порача Филипче.

Линк до видео: