Соопштение за јавност
Мицкоски вели ќе ја спаси Алта банка. Зошто да ја спасува ако сè е во ред?
Трајко Славески изјави дека сè е во ред. Веќе следниот ден воведе принудна управа.
Во Србија Народната банка изјави дека сè е во ред, па истата вечер ја одзеде дозволата.
Банката отиде во стечај. Алта лизинг е без дозвола за работа Мацура е во притвор.
Ете толку е “во ред”.
Ако банката е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува?
Зошто се брза со продажба па дури и под пазарната вредност? Зошто се кријат сметките и трансакциите?
Затоа што не е во ред. Затоа што е пералница за пари на Вучиќ.
Затоа што парите на граѓаните и јавните претпријатија се таму.
Затоа што Мицкоски и Славески знаат дека ќе одговараат.
Вистината излегува на виделина.
Бандата ќе одговара.
