Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес – конференција нагласи дека власта и во новиот буџет ги одбива амандманите кои значат подобар живот за граѓаните, со образложение дека нема пари во буџетот. Филипче посочи дека Владата нема за минимална плата од 600 евра, нема средства за повисок студентски оброк, но затоа има пари за партиски тендери со народни пари.
„Ние поднесовме бројни амандмани. Одговорот засега од власта е дека нема пари и тоа е единствената вистина, дека пари во буџетот нема за ништо. Имаме 225 амандмани, меѓу другото, 600 евра зголемување на минималната плата и за тоа нема пари, зголемување на средствата за студентите, да се зголеми студентскиот оброк и за тоа исто така нема пари, а има за партиски тендери“, рече Филипче.
Тој нагласи дека, додека Владата одбива да одвои средства за работниците и студентите, со последните измени на Законот за јавни набавки отвора простор за дополнително трошење и злоупотреба на народните пари.
„ Официјално и легално легализирана нова дополнителна пљачка на народни пари преку последната измена на Законот за јавни набавки. Договори во четири очи без контрола и дозвола од Бирото за јавни набавки во вредност од 120.000 евра. Па ваква пљачка немало во државата досега“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ посочи дека и покрај зголемувањето на вкупниот буџет, средствата за капитални инвестиции во клучните области се намалуваат, додека парите се трошат нетранспарентно и без соодветна контрола.
„Иако вкупниот буџет е зголемен, очигледно дека тие пари се само за партиските тендери, наменети да се трошат вака, нетранспарентно, без контрола, без дозвола од Бирото за јавни набавки, затоа што вредноста за капиталните инвестиции во сите важни области во рамките на буџетот се намалува“, рече Филипче.
Тој посочи дека за развојни проекти во здравството, образованието и земјоделството се издвојуваат помалку средства, иако токму овие области се од суштинско значење за квалитетот на животот на граѓаните.
„Иако вкупниот буџет за образование е зголемен, за 17% се намалува сумата на пари предвидена за нови училишта. За 30% помалку за развојни капитални проекти во образованието. Помалку пари во земјоделството. Од 7,3 на 6,8 милијарди денари за поддршка на земјоделците, за луѓето кои што живеат од сопствениот труд, кои што наместо да ја хранат државата и регионот, сега нема да можат да преживеат“, рече Филипче.
Линк до видео:
