Дали Мицкоски ги рекетира пензиските друштва? Обвинителството веднаш да го повика на разговор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По интервјуто на Христијан Мицкоски на Телма Телевизија должи одговори на што го темели тврдењето дека приватните пензиски друштва остваруваат профит од приносите што им припаѓаат на осигурениците?

Каде, според него, завршуваат тие пари? И ако има докази, кога ги пријавил?

Пензиските друштва остваруваат приходи од законски утврдени надоместоци за управување со фондовите. Приносите од вложувањата на фондовите им припаѓаат на осигурениците. Со тврдењето дека друштвата си делат профит на сметка на тие приноси, Мицкоски изнесе сериозно обвинување за начинот на кој се управува со пензиските заштеди на граѓаните.

Ако Мицкоски има сознанија за злоупотреба на парите на осигурениците, зошто досега молчел?

Дали ги користи тие сознанија за да врши притисок врз пензиските друштва? Дали тоа е причината поради која и друштвата молчат?

Оваа изјава на Мицкоски е уште еден тест за јавниот обвинител.

По оваа скандалозна изјава на Мицкоски од телевизиското студио, обвинителот требаше да го повика на разговор и да побара да ги достави доказите за своите тврдења.