Соопштение за јавност
Српската лига што се обидува да се формира во Македонија е уште еден сателит на Мицкоски – како ЗНАМ, како Платформата – ЗНАМ 2.0. Наместо компромитираниот соработник на БИА Стојилковиќ, сега се појавува Саша Богдановиќ – Стојилковиќ 2.0.
Во Србија таа “Српска лига” ја правеа салонски фашисти, некогашната „Трета Србија“.
Сега остаците на Вучиќевата БИА прави копија во Македонија, затоа што Стојилковиќ очека објава на документи за него во Србија.
Финансирањето на митинзите на Вучиќ во Куманово, организирањето превоз на граѓани од Македонија за Вучиќевите митинзи во Србија, издавањето лични карти и пасоши за гласање во Србија, на сето тоа извршител е Стојилковиќ – извршител на работите за СНС и Милош Вучевиќ.
Координација на бизнис-активностите со Душан Адамовиќ – хулиган од трибина, кому Мицкоски поради бизнис-релациите со струја и броила му даде функција почесен конзул на нашата земја во Србија. Лице со криминално минато и историја, човек на кого му пукале во нозе, му го палеле автомобилот, човек кој е дел од навивачка група – го назначија за претставник на нашата татковина.
Денес истиот тој Богдановиќ, како дел од истата оваа Вучиќева група, ја нарекува СДСМ „Усташка“ – идентично како што неговиот шеф Вучиќ ги нарекуваше студентите во Србија.
Сите вие што слугувавте на Мицкоски ве чека осуда од граѓаните за делата што сте ги направиле, што сте се продале.
Ве чека и обвинителството поради соработката со странски разузнавачки служби и работа за интересите на друга држава, против сопствената татковина.
Бандата сама се покажува.
Сите ќе одговараат, од прв до последен!
Србите се наши соседи, пријатели. Делиме историја, пазар и секојдневие. Тоа е реалност што никој не може да ја избрише.
Вучиќ не е Србија. СНС не се Србите.
Организираната криминална група што ја водеше Вучиќ не ги претставува српските граѓани. Исто како што ВМРО-ОКГ не ги претставува македонските граѓани.
