Пратеничко прашање на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче до Христијан Мицкоски
Христијан, моите професори велат секој сам си ја прави личната карта. Ти избра да владееш демагошки и макевијалистички, односно избра да лажеш и да контролираш се.
Пред некој ден, на интервју на Телма, најбезобразно призна дека нарачуваш текстови. Можеш да нарачуваш текстови каде сакаш, кога сакаш, во кој било медиум. Но, ние го знаеме тоа. Ти сега го призна пред целокупната македонска јавност. Дека си инспиратор, креатор, дека ги спроведуваш сите медиумски линчови, црни кампањи, лажни вести, кампањи со кои што верувај, го загадуваш духот на граѓаните, затоа што тие од таа огромна бројка на лажни вести не знаат што е вистина, што е лага, не знаат на што може да веруваат, на што не.Ама тоа ви е целта за да може да ловите во матно.
Ти си тој што наредува, очигледно, а Латас е тој кој што што извршува. Ама видовме во Србија како завршуваат тие кампањи.
Лажеше за Дејвид Гета, рече нула денари народни пари. Следниот ден излегоа 5 милиони евра народни пари за журка, во оваа цела немаштија и криза во која живеат граѓаните. Исто така, една безобѕирна и безобразна лага.
Лажеше за идентитетот. Се сеќаваме сите на оние реклами што одеа наведнати луѓе, ти викаше „Продаден е идентитетот, Преспа го продала, Преспанскиот договор“ и така натаму. За сега самиот ти да признаеш дека Преспанскиот договор го заштитил идентитетот, а нашиот јазик е веќе признат во Обединетите нации. Ти го кажуваш тоа . Претсдателката на ЕК Фон дер Лајн дојде и тука, директно, отворено, во чело, ве чекаме во Европа со вашиот идентитет и јазик – директно ти кажува немој да лажеш веќе. Немој да ги лажеш граѓаните. Со тебе успех стана во европа да добиеме бесплатен роаминг.
Па граѓаните сакаат слободно да се движат низ Европа, да патуваат, а не да чекаат со часови по граница. Сакаат да се дела од слободниот пазар од 500 милиони луѓе, а не да зборуваат бесплатно по телефон. Сакаат квалитетен живот.
Во економијата дебакл. Трета економија сме биле во Европа. Како трета економија? На дното сме по бруто-домашен производ по глава на жител. Луѓето тоа секојдневно го чувствуваат, неконтролиран вртоглав раст на цените, на сè. Сè е поскапено во изминативе две години за 30–40%, од основни производи, гориво и така натаму.
Задолжување до бескрај. Неколку следни генерации се задолжени, за 50% е зголемен вкупниот долг на државата. Од 8 на скоро 12 милијарди евра. За што? За тековни трошоци.
Никаков голем капитален проект. Освен капиталните проекти кои што се започнати во време на нашите влади кои што вие тогаш ги критикувавте дека сенајкорумпирани проекти. Само тоа ја придвиужува економијата и ништо друго.
И во такви околности во таква матна вода ја носите тука Алта банка. Најкриминалната банка во Европа. Банката во која Вучиќ переше пари, и имаше пари од шверц на дрога, руски пари, забранети се секаде во Европа, а вие тука ги донесовте. Давор Мацуа еднаш го запреле преку едната компанија, па после тоа сте го пуштиле да влезе тука преку банката.
Што се случи меѓувреме? И после велите: „Увезен е проблемот“. Па да, па вие го увезовте тој проблем. Вие ги загрозивте парите на граѓаните, на компаниите и така натаму. И сега се бара некое решение. Па нели немаше проблем? Зошто се бара решение? Моето директно прашање е: со кого го направивте дилот за влез на Алта банка во државата?
И пред да одговорите, сакам да ви кажам, порачajтe им на другарите со кои сега спремате увоз на мазут, да не ми се закануваат, другарите ваши од Србија. Затоа што не ви се плашам. Не ви се плашам. Затоа што јас сум на страна на Македонија. Вие сте на страна на криминалот.
Линк до видео:
