Филипче до Мицкоски: Пред цела Македонија призна дека нарачуваш текстови по медиуми

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во директно обраќање до премиерот Христијан Мицкоски, во македонското Собрание рече дека со изјавата во интервјуто на Телма, Мицкоски пред целата македонска јавност признал дека нарачува текстови во медиумите.

„Избра да лажеш и да конртролираш се, владееш демагошки. Призна дека нарачуваш текстови. Можеш да нарачуваш текст кај сакаш, кога сакаш, во било кој медиум. Но ние го знаеме тоа“, рече Филипче.

Тој го обвини Мицкоски дека стои зад медиумските линчови, црните кампањи и лажните вести, а потоа наведе примери за неговите лаги.

Филипче потсети на изјавата на Мицкоски дека настапот на Дејвид Гета нема да ги чини граѓаните ниту денар а илзезе дека чини 5.5 милиони евра.

„Следниот ден излезе 5 милиони евра народни пари за журка во оваа цела немаштија и криза во која живеат граѓаните. Исто така, една безобзирна и безобразна лага“, рече Филипче.

Тој се осврна и на предизборните реклами во кои Мицкоски тврдеше дека со Преспанскиот договор е продаден македонскиот идентитет за сега да признае дека е заштитен.

„Продаден е идентитетот“, потсети Филипче на тогашната порака на Мицкоски и додаде дека сега „самиот ти да признаеш дека Преспанскиот договор го заштитил идентитетот“, рече Филипче.

Линк до видео: