Филипче кон Мицкоски: Избра да лажеш и да контролираш сè, владееш демагошки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Избра да лажеш и да контролираш сè, владееш демагошки и макијавелистички“ со овие зборови претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го обвини Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Филипче, во директно обраќање до Мицкоски рече дека ги контролира медиумите и дека со демагошки пораки ја прикрива состојбата во која живеат граѓаните.

Како примери ги посочи изјавите на Мицкоски за нарачување текстови, за трошокот за настапот на Дејвид Гета, за македонскиот идентитет и за економијата.

„Призна дека нарачуваш текстови. Можеш да нарачуваш текст кај сакаш, кога сакаш, во било кој медиум. Но ние го знаеме тоа“, рече Филипче, осврнувајќи се на интервјуто на Мицкоски за Телма. Тој го обвини премиерот дека стои зад медиумски линчови, црни кампањи и лажни вести.

Филипче потсети дека Мицкоски тврдеше оти за настапот на Дејвид Гета нема да се потроши ниту денар народни пари.

„Следниот ден излезе 5 милиони евра народни пари за журка во оваа цела немаштија и криза во која живеат граѓаните. Исто така, една безобзирна и безобразна лага“, рече Филипче.

Тој потсети и на предизборните реклами во кои Мицкоски тврдеше дека македонскиот идентитет е продаден со Преспанскиот договор. Денес, посочи Филипче, самиот Мицкоски признава дека договорот го заштитил идентитетот.

„Трета економија сме биле во Европа. Каква трета економија?“, праша Филипче, посочувајќи на нискиот БДП по жител и на растот на цените на основните производи.

Линк до видео: