fbpx

Николовски и Хоџа: По една недела кампања, изборот на граѓаните е јасен, со коалицијата „Можеме” ќе продолжи напредокот, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нудат национализам, деструкции и изолација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Заедничка изјава за медиуми во Скопје, на генералните секретари на СДСМ и на Движењето БЕСА, Љупчо Николовски и Арјанит Хоџа

Николовски:

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Измина првата недела од изборната кампања и граѓаните имаа многу убава можност да ја видат разликата меѓу концептот и програмата на СДСМ и коалицијата Можеме, и она што не може да се нарече концепт, туку обична пропаганда од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните од една страна имаат понуда од нас. За само две и пол години, да потенцирам повторно – за две и пол години, направен е голем прогрес!

Минимална плата од 9.000 на 14,500 денари, просечна плата од 22.300 се качи на 27.500. Социјалната помош за четиричлено семејство од 3.000 е качена на 11.500 денари.

Поврат на ДДВ, укината радиодифузна такса, зелена нафта, 300% зголемена социјална помош драги луѓе! Можам да зборувам многу долго. Горд сум на успесите, но и свесен дека не се ни приближно до тоа што треба да се оствари во идниот период.

Од другата страна има само манипулирање со некакви национални чувства и упорно избегнување да се одговори на едно просто прашање – Што вие ќе направите ако дојдете на власт и дали ќе го укинете договорот од Преспа?

Затоа партијата им ја викаат фејк-њуз ВМРО.

Сите тие реторики на замајување на јавноста се во една единствена насока. Да не зборуваме за суштинските работи – за подоброто економско менаџирање, за инфраструктурните проекти, за успесите.

Пари во државата имало и ќе има. Работата е како ги трошиш. На жални врби, стиропорни фасади и споменици платени десетици и десетици пати над нормалната цена, или парите ги трошиш за граѓаните и нивно добро. Има разлика.

Бараме чист мандат за да направиме многу повеќе и многу подобро. Далеку од тоа дека се сме завршиле.

Има уште многу работа за намалување на невработеноста, поддршка за стопанството, носење инвестиции, јакнење на здравствениот систем за целиот тамошен персонал да може подобро и помирно да живее. Гледаме дека се соочени со големи маки да постигнат се што треба да се постигне, на тие луѓе им треба подршка!

За само две и пол години поставивме силна основа за раст. Сега е време за чист мандат и фокус на економијата, правосудството, реформите. Никој веќе не зборува ниту за НАТО, ниту за ЕУ. Таму сме, го остваривме 30-годишниот сон да сме членка на најсилното светско друштво, да ни се отворат вратите кои отсекогаш биле затворени за нас.

Притоа не се случи ништо од тоа што ве лажеа дека ќе се случи. Ние сме Македонци, кои зборуваат македонски, кои живеат во прогресивна држава која силно чекори напред. Нема кантонизации, федерализации, не сме со свтикан ‘рбет!

‘Рбетот ни беше свиткан во едно друго време. Време на нарачани инспекции, на правење списоци, на безобразно крадење бизниси, време на угнетување на работникот и имање на мизерни плати?

Време кое за жал, не е толку далечно. Беше пред само неколку години.

Во ДПМНЕ е екипата на Груевски во непроменет состав, размислете два пати кому ќе ја доверите вашата иднина драги пријатели.

Нека ви дадат јасна програма, нека ви понудат економски реформи, нека ви понудат правосудни реформи, нека кажат што ќе прават со Договорот од Преспа! Нема да ви дадат ништо од тоа, ниту пак имаат намера да променат нешто во договорот од Преспа.

Нудат само празна пропаганда, која си поигрува со вашите чувства. Немаат никаков план!

Една недела кампања беше доволна за да се види огромната разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Две и пол години беа доволно да се види дека пари во државата има, а разликата е во тоа како тие се планираат и менаџираат. Дали одат назад кај граѓаните или одат во џебот на Бегалецот од Будимпешта и на Белизе!

Една недела беше доволна за да се види кој нуди одговорни, реални и домаќински политики, а кој сака да не врати во страв, поделба, тензии.

Граѓаните на 15 јули имаат многу едноставен избор.

Ќе ја изберат Коалицијата „Можеме“, затоа што МОЖЕМЕ уште повеќе, МОЖЕМЕ уште подобро.

Ви благодарам.

Хоџа:

Коалицијата „Можеме“ спроведува позитивна кампања, со јасни пораки. За разлика од другите политички партии кои немаат јасна политичка понуда, се служат со фолклорна реторика и популизам, па дури и го загрозуваат здравјето на граѓаните со тоа што не ги почитуваат препораките на здравствените институции за да одржување на дистанца и носење маски, а за разлика од нив, ние ви нудиме инклузивна програма, заснована врз конкретните потреби и барања на граѓаните.

Ние дневно одржуваме многу состаноци , директно се среќаваме со граѓаните, го слушаме нивниот глас и нормално се грижиме да не го загрозиме нивното здравје.

Придржувањето кон здравствените препораки за одржување на дистанца и носење маски е многу поважно од која било политичка агенда, здравјето на граѓаните е поважно од било какво масовно собирање без маски и социјална дистанца.

За жал, политичките субјекти ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат реторика која ни ја враќа меморијата од владеењето на режимот. Секогаш кога ќе ослабнат, тие го обновуваат политичкиот фолклор, популизмот и јазикот на поделба, омраза и поттикнувањето на тензии. Граѓаните добро го препознаваат ваквиот вид на манипулација наметнат од страна на поранешниот режим и од секоја средба со нив, ние сме по мотивирани и уште повеќе сме убедени дека коалицијата „Можеме“ е подобра, побезбедна и покорисна опција за државата и општеството.

Оние што денес продаваат патриотизам, мораат да ги потсетиме за спомениците, стиропорните фасадите, прислушувањата, политички монтираните случаи, не расчистените случаи на корупција и криминал, и што е најважно, мора да запомниме колку млади ја напуштија земјата, токму затоа што режимот на ВМРО-ДУИ им ја уби надежта и ги остави без никаква перспектива што ги натера да ја напуштат државата.

Да, ние сме и патриоти, бидејќи сакаме да ги задржиме младите во државата, бидејќи сакаме да обезбедиме подобар живот за сите, да ги зголемиме платите, да ја развиваме економијата, да ги стимулираме младите преку разни грантови за отворање бизниси. Ние сме посветени да градиме современи образовни и здравствени установи, да градиме градинки, домови на култура, спортски терени и др. притоа да не правиме дискриминација по етничка или регионална основа, туку принципот врз кој се гради ова партнерство помеѓу Движењето БЕСА и СДСМ, во коалицијата „Можеме“, тоа ќе биде исклучиво работа, инвестиции и ангажирање засновано врз потребите на граѓаните, а не врз основа на етнички или партиски преференции.

За на крај, ги повикуваме граѓаните да не дозволат да бидат излажани од партиската пропаганда што режимот ВМРО-ДУИ се обидува да ја инсталира, бидејќи сè што велат, дури и ако е убаво напишано на хартија, да бидете сигурни дека нивната главна цел е да го вратат режимот, беззаконието и несигурноста. Не дозволувајте да манипулираат и лажат тие што цели 11 години управуваа заедно и уништија сè во нашето општество.

Затоа почитувани граѓани гласот за коалицијата „Можеме“ е глас за отварање на нова страница во историјата на државата. Бидејќи сме убедени дека заедно со вас МОЖЕМЕ уште подобро, уште повеќе.

Последни вести