fbpx

Филипче на Сител: Ќе продолжиме со политиките за вложување во луѓето и капацитетите во здравството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче во изјава за Сител телевизија посочи дека и по 15 јули продолжуваат политиките што ги водевме и досега за инвестирање во кадрите и во капациетите во здравството.

Ние досега инвестиравме во луѓето, одобрени се 5.000 согласности за вработување, 1.000 лекари се вработени, исто толку медицински сестри, на млади лекари им е платен стажот, рече Филипче, додавајќи дека ова ја зголеми бројката на здравствени кадри, што во време на пандемија се покажа како клучно.

Тој им честиташе на здравствените работници за пожртвувана работа, со која докажувајќи ја својата стручност покажаа дека се столбот во рамите на нашиот здравствен ситем и на државата.

Во врска со изградбата на Новиот клинички центар, Филипче рече дека постапката е започната, но успорена поради пандемијата, но пациентите ќе добијат модерен, интегриран клинички центар каков што заслужуваат.

До крајот на следниот мандат на СДСМ еден блок со 350 легла од новиот клинички центар ќе биде во функција, порача претседателот на комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче, во изјава за телевизија Сител.

Последни вести