Соопштение за јавност
Носителот на листата на ИЕ1 од СДСМ Никола Димитров, вчера вечер на граѓанската трибина во општината Аеродром зборуваше и за правдата која коалицијата „Можеме“ ќе ја спроведува во својот мандат, а не онаа на ВМРО-ДПМНЕ:
„Правда не е да ги казниме само едните, како што тоа го прават ДПМНЕ. Правда е како да се однесуваме и кон самите себе.“
Следната битка на чесните против нечесните, која што е почната, е најважната битка за нашата иднина и за нашите деца, независно од каде доаѓаат нечесните – рече Димитров.
Дали може да ја замислите дрскоста да излезете пред народот да се кандидирате за пратеник, а да не може да ве најде дома поштар да ви даде покана за суд? Со кој образ ги изговарате буквите „правда“? – објасни Димитров за хипокризијата на ВМРО-ДПМНЕ и порача:
„15 јули е нашата шанса да ставиме конечна точка на таа лоша оставштина за конечно да завршиме со таа криза на неодговорност што почна 2015, 2016 год.”– Димитров од трибината во Аеродром.