Соопштение за јавност
-„Добивме лична карта во ОН и сме препознаени како македонци од Северна Македонија,кои говорат македонски јазик. Потпишавме договор со нашиот источен сосед. Договорот за добрососедство е договор е потпишан меѓу две држави, два народи, два јазика.Тоа е договор кој само ни помага да градиме мостови, да се поповрзуваме со патишта, железници, да вршиме проток на стоки , услуги, капитал. Наше предизборно ветување во 2016 година беше дека ќе ја отвориме татковината, дека ќе го отвориме граничниот премин кон Бугарија, и дека Берово ќе го направиме атрактивна туристичка дестинација и пристојно место за живеење.“-истакна носителката на ИЕ 3 Јагода Шахпаска на граѓанската трибина во Берово.
Таа посочи и дека благодарение на чесното и транспарентно работење на локалната самоуправа која не само што ги исплати старите долгови туку и вложуваше во оваа општина, Берово денеска ги има сите предуслови и за атрактивност и за убав живот.
Граничниот премин Клепало на кој се работи интезивно и од наша и од бугарска страна, наскоро со новата влада предводена од СДСМ и коалицијата ќе иде отворен и ние ќе имаме пристап до коридорот 8, до нови пазари преку Бугарија, Грција и Блискиот исток. Тоа е една од придобивките на потпишувањето на договорот со Бугарија.-истакна Шахпаска.
Таа се осврна и на социјалните политики и мерки како што се за 300% зголемена социјална помош, која денес изнесува меѓу 10.500 -11.500, потоа грижата за децата преку воведување на детски и образован додаток, а го добиваат сите приматели на социјална помош и оние семејства со минимална плата и образованиот додаток кој изнесува околу 1800 денари,а услов е децата да посетуваат редовна настава.
Солидарноста,еднавоста, правдата се обележје на социјалдемократите, па така за прв пат воведовме социјалната пензија од 6000 денари која ја примаат 6600 возрасни граѓани кои не успеале да остварат право на пензија.
Како дел од реформите за кои сум навистина горда е и решавањето на статусот на 12.000 стечајни работници. Додека ВМРО-ДПМНЕ за 11 години реши статус на околу 4.000 стечајци. Денес тие 12.000 стечајци земаат месечно околу 8.000 денари.
Невработените ги внесуваме на работни места, преку учење на занаети,доквалификации,преквалификации. Додека пак, преку дуалното образование ги оспособуваме средношколците за потребите на пазарот на трудот.-посочи Шахпаска.
Го реализиравме концептот враќање на парите кај граѓаните и еднакво општество за сите.
Само со враќање на ДДВ-то , за една година вративме 10 .5 милиони евра назад кај граѓаните.-истакна Шахпаска.
Таа зборуваше и за покачените плати во здравството. Па ,така денес лекар специјалист прима плата помеѓу 80-160.000денари, што не е само што го исполнивање на ветувањето ,туку и надминавање. Како и медицинските сестри на клиника кои земаат 31.000 денари плата, што е зголемување од 23%, зголемен капитационен бод и за матичните лекари и за стоматолозите.
Шахпаска сосема на крајот ги повика граѓаните да излезат и да го дадат својот глас, затоа што изборите ќе бидат безбедни со сите заштитни протоколи.