fbpx

Царовска: На 15 јули гласајте за СДСМ за да продолжиме да вложуваме во децата кои се највредното богатство на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Носителката на листа на пратеници од ИЕ1 Мила Царовска вчера вечер на маалска средба со граѓаните од Општина Карпош истакна дека децата се највредно богатство на државата и најголемиот потенцијал за иднината на државата, затоа владата предводена од СДСМ изминатиот период вложуваше во искоренување на детската сиромаштија и со социјалната реформа економски ги јакнеше семејствата.

„Дозволете ни да продолжиме да вложуваме во децата. На 15 јули излезете и гласајте за иднината на нашите деца. Заедно можеме многу повеќе и многу подобро. СДСМ е партија којашто се грижи за децата од ранливите семејства кои беа заборавени во општеството. Тоа е погрешно. Затоа што тие имаат еднаков потенцијал да ја водат понатаму нашата држава, да вложат во нашата држава ако ние доволно вложиме во нив. Затоа што не знаеме во секое дете каков талент се крие” рече Царовска.

Царовска истакна дека е зголемен опфатот на деца коишто користат образовен и детски додаток, за да ги направиме подеднакви шансите за старт и успех на секое дете.

Последни вести