Соопштение за јавност
„На 15 јули да се создаде Влада која ќе биде проевропска, прореформска. Тоа е владата на СДСМ, којашто го отвори патот што беше забарикадиран од опозицијата.“ – рече Никола Димитров, носител на листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме“ вечерва во „Отворено студио“ на ТВ24.
„Има една карикатурална димензија да зборуваме за ЕУ со носител на листа од коалиција предводена од ДПМНЕ, бидејќи оставштината на нивното владеење само придонесе уште поголема да стане барикадата на нашиот европски пат.“ – истакна Димитров.
„Европската комисија ја нарече нашата земја „заробена држава“ токму поради опозицијата. Ние, од јуни 2017 год, направивме пресврт за 180 степени и успеавме да испорачаме. Мислам дека по 15 години застој има апсолутно основ за одбележување за извесно задоволство кога правиме вакви крупни чекори за нашата европска иднина. Факт е дека ова е крупен чекор.“ – појасни Димитров, во однос на позитивните вести од Европската комисија која што го утврди предлогот на преговарачката рамка која од вчера е во рацете на земјите членки на ЕУ.