Соопштение за јавност
За време на оваа Влада се направија големи чекори во законодавството, тоа го потврдија и Европската комисија и Венецијанската комисија. Нашите предлози, и во однос на имотната состојба на судии, на јавни обвинители и во однос на другите мерки, ќе придонесат за одговорноста на правосудниот систем да ја ставиме на пиедестал. Правда не е барање одговорност во другите политички редови. Правдата треба да неселективна, без поделба на „наши“ и „ваши“ – изјави носителот на листа во ИЕ1 од СДСМ, Никола Димитров, во „Отворено студио“ на ТВ24.
„Главниот проблем зошто не сме позадоволни во оваа област, е токму што од другата страна имавме една политичка сила со луѓе и низ администрацијата и низ судовите, чија што врвна амбиција им беше да нема правда, односно да се бега од неа.“ – истакна Димитров.