fbpx

Заев од Пониква: Нашата земја е членка на НАТО со усвоена преговарачка рамка со ЕУ, ги живееме идеалите на нашите предци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на пратеници од ИЕ4, Зоран Заев вечерва се обрати на граѓанската трибина којашто се одржа на рекреативниот центар Пониква којшто се наоѓа во близина на градот Кочани.

„Две и пол години имавме чест да ја водиме Владата, за две и пол години донесовме многу храбри одлуки, донесовме одлуки за кои што во минатите 27 години се немало храброст да бидат донесени благодарение на таа храброст денеска сме членка на НАТО, денеска имаме одлука за почеток на преговорите и еве денеска видовме усвоена е и преговарачката рамка од Европската Комисија, денеска ги живееме идеалите за кои што 30 години зборуваме“, порача претседателот Заев.

Пред граѓаните на Кочани тој зборуваше за историската улога на овие избори, за важноста да излезат граѓаните на изборите кои ќе бидат безбедни по здравјето, бидејќи сите фронтови за напредок на државата се отворени и со големата граѓанска поддршка на изборите на 15 јули за СДСМ и коалицијата државата ќе продолжи на вистинскиот пат, а режимот ќе биде испратен во минатото каде што му е местото.

„Барам поддршка за втор мандат, да одржиме економска лекција, да покажеме дека имаме работоспособен народ, дека имаме поволна географска положба, дека имаме плодно земјиште, дека имаме едуцирана младина, и да покажеме дека и стандардот може да ни биде како на европските држави. Покажавме првиот мандат дека знаеме и можеме, затоа можеме и во вториот мандат. Можеме заедно, сите ние кои се определуваме за европски и демократски вредности“, посочи Заев.

Последни вести