fbpx

Шекеринска од Македониум: Се е исто во ДПМНЕ, затоа на 15 јули немаме право на грешка, државата мора да продолжи напред

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заменик-претседателката на СДСМ – Радмила Шекеринска во синоќешниот настап на граѓанската трибинина во Крушево пред Македониумот ја коментираше и предноста која новите анкети и ја даваат на владеачката партија пред опозицијата.

Таа изјави: На 15- ти јули заради аманетот на илинденците немаме право на грешка, ниту ние ниту вие. На 15-ти јули изборот е како црно и бело, толку е јасен.

Од една страна се луѓето што ништо не променија и останаа во својата бела палата, си ги продолжија своите криминални врски, продолжија да бегаат од медиумите и од дуелите, продолжија да мислат дека законите само за нив не важат, продолжија да не ги почитуваат дури ни законите поврзани со здравјето.

На другата страна ние сме многу различна група на луѓе, луѓе кои понекогаш имале различни партии, дури и различни ставови околу одредени прашања но секогаш иста мисла: Дека ја сакаме оваа земја, дека и должиме, дека сакаме да ја поместиме понапред, дека секој од нас мора да остави едно камче во мозаиците низ цела наша држава.

Ние ги решаваме проблемите, ните не се криеме зад партиските интереси, ние велиме дојде време работите да се пресечат и да тргнеме.

Последни вести