Соопштение за јавност
„Ние носевме одлуки оти народот одлучил, ни дал доверба, редот беше на нас, доста е 30 години шлапаме во калта, тапкаме во место, во светот е четврта индустриска револуција, дигитализација и развој на информатички технологии, младите можат за десет саата сега да идат во Токио или во Вашингтон или во Берлин или било каде.
Светот оди напред тие уште сакаат нови поделби и кавги дома Македонци – Албанци па и со соседите. Доста е, се здруживме дома го изградивме концептот едно општество за сите еве го нема никакви конфликти во државата“, рече претседателот Заев на граѓанската трибина на СДСМ и коалицијата Можеме.
Претседателот Заев зборуваше за средбите со граѓаните што ги одржува во текот на кампањата, за нивните барања и апели, за пораките што тие ги упатуваат кон него.
„Еден граѓанин на Кочани ме праша: Г-дин Заев и вие и ВМРО-ДПМНЕ ни ветувате многу нешта за подобрување на животниот стандард? Како да ви веруваме, кој ја зборува вистината? Му реков: Одговорот на тоа прашање треба сам да си го дадеш, го прашав колку земаше плата пред 3 години. Ми рече 15.700 денари, а денеска платата му покачена на 21.000 денари, додека неговата сопруга која претходно работела за минималец од 9.000 денари, денеска зема минимална плата од 14.800 денари. Значи се промениле работите. Го продолживме разговорот за децата, едното се вработило преку активните мерки за вработување, преку Младинската гаранција, и веќе е свој човек, финансиски самостоен и независен и спремен да оформи семејство. Родителите му се пензионери, рече дека и ним им се покачила пензијата. Зборувавме дека радио дифузната такса е укината и не се плаќа повеќе, дека се штеди на сметките со евтината тарифа на струјата, а скенираат и сметки и преку МОЈ ДДВ добиваат и пари од поврат на ДДВ. Направете споредба, кој беше вашиот стандард од 2006 до 2017? И кој е вашиот стандард од 1 јуни 2017 до денеска? Тоа му го кажав на човекот, но тоа важи за сите вас и за сите граѓани. Само треба да ја направат споредбата и да видат кој за нив направил повеќе?! Кој ги полнел своите семејни буџети, а кој ги празнел. Ајде заедно здружени, град и село, и етнички и мажи и жени да продолжиме да чекориме заедно“, истакна претседателот Заев на граѓанската трибина во Гази Баба.