Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, порача дека обнова на режимот не ни треба, како ни национализам што враќа назад додека светот оди напред. „Обновена е татковината, одиме кон сигурна иднина“, рече претседателот Заев.
„Четврта индустриска револуција, дигитализација и развој на информатички технологии, младите можат за 10 часа да бидат во Токио, или во Вашингтон, или во Берлин. Светот оди напред, ние уште кавги дома? Македонци, Албанци, со соседите? Доста е, се здруживме дома, го изградивме концептот Едно општество за сите во изминативе три години. Еве нема никакви конфликти во државата. Ќе ги враќаме конфликтите, ќе се биеме меѓу себе? Додека светот оди напред? Не ни треба тоа. Обнова на режимот не ни треба. Времето на национализмот и лажниот патриотизам е минато, на 15.јули гласаме за сигурна иднина, за бројот 3, затоа што можеме уште повеќе и уште подобро“, порача претседателот на СДСМ, Заев.
Потпретседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски најави развојна економија со вложувања во инфраструктурата и повисоки плати.
„Ќе има покачувања и на минималната плата и на просечната плата. Во Програмата се обврзуваме дека ќе ги поддржиме домашните и странските компании со 600 милиони евра – 300 милиони од буџетот и 300 од европските фондови“, најави Спасовски кој ги повика граѓаните да излезат на гласање и да продолжиме по правиот пат.
Носителката на листа во ИЕ 2, Сања Лукаревска најави ред, правда и дисциплина, прочистено судство, безбедни градови.
„Нема да има раководители до пензија во администрацијата, ќе им дадеме шанса на младите. Нема да дозволиме да се врати режимот, за семејства “во ендек“. Тефтерчињата на подобни и неподобни се минато. Зборуваат денес за бокс во фаца – генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе го доживеат најголемиот пораз на 15.јули, од жените“, рече Лукаревска.
Потпретседателот на СДСМ и кандидат за пратеник, Мухамед Зекири рече дека „нашиот концепт Едно општество за сите ги даде резултатите, а претходната власт делеше за да ловат во матно.
„Од ДУИ почнале да се јавуваат на млади административци Албанци со заплашување дека ќе биле отпуштени од работа. ДУИ не е нивен сопственик. Ви ветувам влакно нема да им фали ако гласаат како што мислат. Немаат што да понудат од ДУИ затоа вака се однесуваат и се враќаат на етничките теми. На 15.јули граѓаните гласаат за број 3 и коалицијата „Можеме“, а ДУИ оди во опција да се реформира, ако има капацитет за тоа“, рече Зекири.