fbpx

Николоска од подножјето на Шара: Воведуваме еко стандарди, ја чуваме природната убавина на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Она што би скакла да истакнам за овој регион е тоа дека со прогласување на Шара за национален парк ќе го забраниме секое експлоатирање на природните богатства.

Од криволовот и риболовот, непланската дива сеча на дрва за огрев, до градење на хидроцентрали и секакви дивоградби.

Ќе може само да се развива планинскиот туризам со строго утврдени критериуми. И, нормално, ќе овозможиме планско зафаќање на водата за пиење без да се наруши биодиверзитетот.

Ги чистиме водите кои ни ги напојуваат плодните, полиња со изградба на пречистителни станици.

Вложуваме во градење на регионални депонии за да си ја исчистиме почвата од ѓубре, а преку проектот за енергетска ефикасност и гасификацијата добиваме почист воздух, а пониски сметки за струја.

Покажавме дека можеме и умееме. По 15 јули ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро.

Последни вести