fbpx

Царовска во Крњево: Ја намаливме младинската невработеност, продолжуваме да инвестираме во младите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мила Царовска, носителка на листа на пратеници во ИЕ 1, попладнето се сретна со жителите на Крњево. На средбата Царовска разговараше за сработеното до сега и за она што го нуди предизборната програма на коалицијата “Можеме”. Царовска ги повика жителите на Крњево на 15 јули да гласате за СДСМ, бидејќи како социјал – демократи веруваме во праведност и праведно општество.

“Оваа држава има капацитет да направи се граѓаните да живеат подостоинствено. Продолжуваме со инвестирање во младите. Изминатиот период ја намаливме стапката на невработеност кај младите лица и изнесува 35,3% споредено со 2016 кога беше 48,6%. Ова ни дава поттик и понатаму како политичка партија да креираме мерки кои ќе придонесат за зголемување на вработувањето на младите”, рече Царовска.

Царовска рече дека СДСМ подеднакво се грижи и за повизрасните.

“Направивме стабилизација на пензискиот систем. Пензиите ги зголемивме за 722 денари коишто влегоа во основицата и се исплаќаат секој месец. Воведовме социјална пензија којашто ја користат на 6.000 граѓани. Ги зголемивме платите, а продолжуваме да ги зголемуваме и во следниот мандат. Мнималната плата ја зголемуваме до 40%, а присечната плата до 30%. Минималната пензија ја зголемуваме на 10.700 денари. Со ова инвестираме во најранливите” рече Царовска.

 

Последни вести