fbpx

Заев на Националниот сервис: Покажавме дека има пари во државата за квалитетен живот на граѓаните, ќе ги постигнеме европските стандарди и инфраструктурниот развој како дел од европеизација на земјата!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

На вечерашното ТВ соочување претседателот Заев зборуваше за постигнатите економски резултати и за новите мерки во следниот четиригодишен мандат.

„Ако успеавме за 2 години и 7 месеци, просечната плата да ја покачиме од 22.000 денари на 27.206 денари во март 2020 година, или за вкупно 5.000 денари, и ако имавме вкупно 4 години мандат 30.000 денари ќе беа надминати. Од 9.000 денари, за 60 отсто ја зголемивме минималната плата. Кога опозицијата велеше дека ќе се испуштаат работниците и ќе се затвораат фабриките имавме храброст заради работниците,заради куповната моќ на убав, конструктивен пријателски начин со коморите ја дигнавме минималната плата на 14.500 денари, за 5.500 денари повеќе. Во следниот мандат ќе ја дигнеме на 20.000 денари минималната плата. Ако сме успеале за 2 и пол години да ја дигнеме за 5.500 денари, за 4 години ќе ја зголемиме за 5.500 денари. Со пријатели, со инвестиции, со интеграции, ќе успееме. Затоа што веруваме дека ако народот има повеќе пари тие пари ги троши, ги плаќа давачките, даноците и се враќаат пак во државата. Пензиите ќе растат исто како платите, гарантираме чесно пораст на најниските пензии за 21%, а сите други пензии соодветно ќе растат со порастот на платите во државата. Докажавме дека има пари во државата за капитални инвестиции. 750 км патишта изградивме. Ќе изградиме 900 км регионални патишта, 350 км експресни патишта, 260 км автопат и 1500 км ќе реконструираме и рехабилитираме патишта. Детски градинки, водоводи и канализации ќе продолжиме да градиме. Секое село ќе добие канализација и водовод. Преговараме веќе со ЕУ, овде сме, успеавме. Покажавме дека има пари во државата. Ќе ги постигнеме европските стандарди за квалитетен живот на граѓаните и инфраструктурен развој заради тоа што тоа е европеизацијата, а реформите заедно со поглавјата ќе ги направиме за пример“ рече претседателот Заев.

Последни вести