Изјава за медиуми, Јагода Шахпаска носителка во ИЕ 3
Почитувани,
Изминативе три години СДСМ во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани, а од друга страна ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници.
11 години на ВМРО-ДПМНЕ се 11 години на манипулација на граѓаните.
Наместо помош и поддршка на најранливите категории на граѓани, ВМРО-ДПМНЕ со години го држеше нивото на социјална помош на срамно ниско ниво и ја злоупотребуваше во партиски цели пред избори.
За три години, СДСМ преку социјалната реформа не само што ја зголеми социјалната помош за 300 отсто, воведе детски и образовен додаток и го прошири опфатот на деца.
Понудата за новиот четиригодишен мандат е уште повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца!
За исто така три години, СДСМ го реши проблемот со стечајците кои ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше. 12.000 стечајни работници денес добиваат по 8.000 денари месечно, а наскоро добиваат и домашна платежна картичка од 9.000 денари.
За време на 11-те години на ВМРО-ДПМНЕ решен беше статусот на само околу 4.000 стечајци.
Ветивме и го реализиравме концептот парите назад кај граѓаните. Па и во време на криза денес тој концепт продолжува.
За тоа зборуваат и 28 милиони евра кои ги враќаме назад кај преку 324.000 граѓани преку домашната платежна картичка и ваучерот за туризам.
Покрај стечајците, картичка со 9.000 денари ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители, како и невработените кои не се активни баратели на работа.
Градиме држава која е праведна и правна за сите.
Ги намаливме нотарските и трошоците за извршители, а со отписот на камати на долгови за физички лица, избришавме 10 милиони евра долгови на граѓаните
Ги намаливме и казните до 75 отсто, а воведовме опомена пред казна .
Почитувани,
Разликата е јасна.
СДСМ се грижи за сите граѓани и ги враќа парите назад кај нив, а ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за обнова на режимот и колку повеќе да земе од граѓаните.
Затоа, на 15 јули граѓаните ќе гласаат за концептот кој обезбедува повеќе пари во нивните семејни буџети, а не за обнова на режимот кој им ги крадеше парите.
На 15 јули граѓаните ќе гласаат за фер и праведно општество и правна држава. Обнова на криминалот, обнова на режимот нема да има.