Изјава за медиуми, Фаница Николоска, носителка ви ИЕ6
Почитувани граѓани,
Три години во континуитет СДСМ покажа што значи Вистинска грижа за сите граѓани подеднакво.
За само три години, донесовме социјална реформа со која социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто, воведовме детски и образовен додаток.
И понатака продолжуваме да се грижиме, уште повеќе и уште подобро. Имаме план и во новиот 4 годишен мандат обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 дечиња.
И во време на криза со коронавирусот концептот парите назад кај граѓаните успешно функционира. Домашна платежна картичка од 9.000 денари добиваат стечајците, пензионерите чија пензијa е до 15.000 денари, самохраните родители како и невработените кои не се активни баратели на работа.
На 15 јули граѓаните ќе гласаат за фер и праведно општество. Ке гласаат за концептот кој обезбедува повеќе пари во нивните буџети. Обнова на криминалот и режимот нема да има.