fbpx

Заев од Гостивар: 11 години ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не водеа грижа за народот, се грижат единствено за личните интереси и моќта, затоа ќе губат на 15 јули

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев вечерва се обрати на граѓанска трибина на СДСМ и коалицијата „Можеме“ којашто се одржа во Гостивар.

„Сега ги гледате, дојдоа изборите и повторно ДУИ и ВМРО ДПМНЕ пак со национализам. Зошто ДУИ 12 години не го носеше Законот за јазици, се плашеа за рејтингот и кариерата? Но, дојдовме ние и го решивме прашањето. Се лажеа насекаде граѓаните дека сите ќе изгубиме, но дали е така? Не. Добивме сите, секој има право да комуницира на својот мајчин јазик. Имавме храброст за сите одлуки што ги носевме. Иако имавме 49 пратеници, сепак формиравме влада, но имавме многу пати и 80 пратеници за важните закони.

Денес ги исполнивме стратешките цели и сега партиите не може да ветуваат НАТО и ЕУ, тоа е завршена работа од нас. И зошто 12 години во време на режимот ова не се случуваше? Затоа што сите се грижеа за себе и нивната партија, наместо за народот и државата“, порача претседателот Заев.

Претседателот Заев во своето обраќање зборуваше за политичките опоненти ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за кои рече дека немаат донесено ниту една храбра одлука за граѓаните и заради тоа коалицијата „Можеме“ силно победува во шестката.

„Оваа коалиција ќе победи. Во шестката ќе го победиме ДУИ, Алијансата на Албанците, а од ВМРО ДПМНЕ ќе имаме двојно повеќе пратеници во оваа изборна единица. Го слушам ДУИ сака Албанец за премиер. Не можат да ни продаваат такви филмови нам. Тие не се борат за народот, се борат за власт и пари. Не може никој толку години да биде власт, навлегуваат во институциите и го узурпираат системот. Нека знаат дека сега нема НАТО, ЕУ, Грција, Бугарија, сега имаме работа дома. Ги имаме сите фронтови отворени пред нас, треба да се биде економски патриот. Вистински патриот е тој што зголемува плати, што вработува млади, што им дава пари на граѓаните наместо да им ги краде, сите други се кукавици кои се кријат зад национализмот. Четврта индустриска револуција му се случува на светот, а ние не можеме да живееме во 19-ти или 20-ти век“, посочи претседателот Заев на граѓанската трибина во Гостивар.

Последни вести