fbpx

Лукаревска во емисијата Став: Наследивме урнисан систем, од таква позиција горди сме што сработивме многу, имаме реална програма и ќе ја реализираме со уште посилно темпо

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ако видиме која е реализација на програмата” За живот”, сигурно 85% од проектите се реализирани, она што го нудиме во програмата ”Можеме”е реалност не само во делот на повисоки плати и повисоки пензии, на македонската развојана економија, туку во сите сегменти од програмата, рече Сања Лукаревска, носител на листа во ИЕ2, во емисијата Став на ТВ Плус во Куманово.

-Она што го наследивме не шокираше, толку недомакинско работење, трошење на буџетот, урнисување на целиот систем на функционирање во сите сфери на живеење. Од таква позиција горди сме што ги зголемивме минималната и просечната плата и што во следниот мандат тие повторно ќе се зголемат на 20 илјади минималната и на 34 илјади просечната. Ќе се зголемуваат и пензиите, имаме одличен сет на социјални мерки, нови работни места. Во наредниот мандат ќе продолжиме со уште посилно темпо, а за проектите што се на половина пат, бараме да ги завршиме во следниот мандат.

Лукаревска зборуваше и за мерките на Владата за поддршка на бизнис секторот и на физички лица во услови на криза предизвикана од коронавирусот.

-Многу од мерките се реализираа преку Управата за јавни приходи, за што ја користам приликата да им се заблагодарам на вработените. Се работеше деноноќно и горда сум што успеавме навреме да се погрижиме за финансиската поддршка од 14 500 денари на бизнисите за зачувување на секое работно место, од 14 500 на самостојните вршители на дејност, ослободување од месечна аконтација од данокот на личен доход, од данокот на добивка. Беа опфатени повеќе целни групи, целта ни беше никој да не биде заборавен, а со мерките ќе продолжиме и во наредниот мандат.

Последни вести