fbpx

Лукаревска: На 15 јули гласајте, одберете да продолжиме заедно на прав пат кон ЕУ и НАТО, вие одлучувате дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Сања Лукаревска носителка во ИЕ 2

„Преку одговорни државнички политики за само 3 години СДСМ ги оствари стратешките цели на државата. На 15 јули излезете и гласајте, одберете да продолжиме заедно на прав пат кон ЕУ и НАТО, не дозволувајте враќање на изолацијата и обнова на режимот“, рече Сања Лукаревска, носител на изборна листа во ИЕ2.

„Денес сме 30-та земја членка на НАТО, еднакви во најсилниот и најважен воено-безбедносен сојуз. Денес сме пред почеток на преговори со ЕУ. Целосно го заштитивме идентитетот, ги зачувавме државните и национални интереси. Разобличени се лагите на ВМРО ДПМНЕ и на Христијан Мицковски. Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност, денес се признаени од сите. Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра. Тоа се повеќе пари за справување со корона кризата, за новата македонска економија, за зелена агенда, енергија, конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водоводи. Тоа се европски пари за европски стандарди дома“, рече Лукаревска.

Понудата на 15 јули е кристално јасна, одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад. Дали ќе растат платите или ќе се полнат џебовите на луѓе на Груевски, дали ќе се заштитиме од КОВИД-19 или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос и паника. Дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или ќе оставиме Мицковски да ги спасува криминалците. Дали после НАТО влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат Договорот од Преспа и да не носат во провалија. Затоа почитувани, немојте да мислите дека работата е однапред завршена, важно е, излези и гласај да продолжиме заедно да ја градиме европската иднина на државата.

Последни вести