Соопштение за јавност
Потпретседателката и носителка на листа на пратеници на СДСМ Мила Царовска вечерва во Штип се сретна со претставници од Гласен текстилец со коишто разговараше за направеното во изминатите три години и за идните очекувања.
„Од Штип сакам да ви порачам дека е навистина важно да останеме заеднички на оваа патека. Затоа што она кое ВМРО-ДПМНЕ во нивната програма го нуди за работниците и работничките е минимална плата од 13.000 денари. Тоа е директно закана за вашите плати. Тие сакаат да ја намалат платата за 1.500 денари. Нивото кое денеска го постигнавме тие сакаат да го намалат. Да не го дозволиме тоа. Да останеме на патеката на унапредување на работничките права во државата, заеднички да изградиме систем кој ќе ги штити работниците, но исто така ќе дава шанса и да работодавачите добијат продуктивни работници и заеднички да ја придвижиме економијата напред. Покажавме дека можеме, дајте ни шанса да покажеме дека уште повеќе и уште подобро можеме да оствариме заеднички резултати. Да не дозволиме да ВМРО-ДПМНЕ го згази сѐ она што заедно го направивме. На 15 јули заокружете го бројот 3 и гласајте за коалицијата „Можеме“, рече Царовска во Штип.
Царовска истакна дека СДСМ ја зголеми минималната плата од 9.000 денари на 14.500 денари и во следниот мандат ќе продолжи да расте со заеднички дијалог на работниците и работодавачите.