Соопштение за јавност
После овие избори на кои граѓаните ќе се определат за продолжување на позитивните политики премиер ќе биде Зоран Заев којшто е Македонец кој говори македонски јазик но кој има подеднакво силна поддршка најголема и кај Македонците и кај Албанците и кај Турците, Ромите, Власите, Бошњаците и кај Србите.
Ова го истакна носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во петата изборна единица, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во емисијата „Само вистина“ на Канал5 телевизија, одговарајќи на прашање во врска со понудата на ДУИ за премиер Албанец и говорењата на опозицијата за федерализација на државата.
Коалицијата Можеме има програма, зад која што сме застанале и на сите им стана јасно дека единствените партии и луѓе кои ловат гласови на националистичка карта се само оние кои што немаат што да понудат и тоа не се однесува само на Албанци исто се однесува и на македонски кандидати, нагласи Шекеринска.
Одат во Крушево и во Крушево ама баш ништо нема што да каже ВМРО ДПМНЕ оти биле толку време на власт ништо не покажале а сегашниот градоначалник со наша поддршка како Влада во изминативе 2 години направи 10 пати повеќе од тоа што сработиле во претходниве 12 години. Таа промена се гледа во Крушево, истакна Шекеринска, додавајќи дека кога ќе застанете пред крушевчани и ќе им кажете зошто не можело патиштата да се асфалтираат, зошто не можело институциите да се реновираат, зошто не можело да се помогне на фирмите, зошто не можело да се инвестира во алтернативен туризам, а кога немате што да им понудите вие ќе играте на картата со федерализација.
Нашиот концепт победи и јас знам дека тоа ги нервира многумина албански или македонски политички фактори во државава кои играа секогаш на картата на национализам само кога ќе дојдат избори, нашата програма го реафирмира концептот едно општество за сите, рече Шекеринска.
Мојот инстинкт ми вели дека секој пат кога ќе видите човек кој ја вади етничката карта знајте дека ништо друго нема што да ви понуди. После толку избори, особено 2016, 2017 година се виде дека луѓето сакаат нешто конкретно кое што не создава непријатели кај другите туку создава решенија за нивните проблеми мислам дека сите сфатија дека тоа е тоа што граѓаните го очекуваат. Оние што им ги нудат рециклираните национализми мислам дека апла соопштуваат дека нема што друго да им понудат, порача носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во петата изборна единица, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.