Соопштение за јавност
„ Во 2016 година рековме дека ќе работиме на три столба: враќање на парите назад кај граѓаните, вложување во човечки капитал и евро-атлантаската интеграција на земјава. Тоа и го правевме изминатиов период.- истакна Јагода Шахпаска ,носителка на листа на пратеници од ИЕ 3 , на трибината со граѓани на урбана заедница УЗ Сењак, Штип.
Шахпаска се осврна на вториот столб, вложувањето во човечкиот капитал кој како што таа потенцираше започнува од најмладите. Во таа насока се изградените и реконструирани 43 градинки, со цел на нашите најмлади им овозможиме социјализација и предшколско образование, зашто младите се столбот на нашата иднина. Потоа за тоа зборуваат и изградените и реконструирани 20 училишта само во ИЕ 3 , реконструирани двете крила на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.
„Како дел од комисијата за труд и социјална политика во Собранието, особена сум горда на носењето на социјалната реформа со која социјалната помош се зголеми за 300% и се прошири нејзиниот опфат. Со неа 27. 000 семејства примаат приход од 10.000 – 11.500 денари. Се боревме за извлекување на децата од сиромаштија, за таа цел воведовме детски и образовен додаток. За прв пат најранливите категории на граѓани можеа достоинствено и пристојно да живеат“-посочи Шахпаска.
Таа зборуваше и за останатите мерки кои донесоа директни придобивки за граѓаните како државната социјална пензија од 6000 денари, која ја користат околу 6.600 граѓани, растот на платите во здравствениот сектор до 40%, раст на капитациониот бод од 15% за матичните лекари и стоматолози, укинување на квотата на лекови, укинување на болничка партиципација за пациентите кои земаат ниски пензии и младите до 25 години од семејства приматели на социјална помош.
Шахпаска ги повика граѓаните на 15 јули излезат и го дадат својот глас , почитувајќи ги протоколите за заштита по здравјето, носењето маска, држењето дистанца, дезинфекција на рацете и влез на онолку граѓани колку што има паравани.
„Ве повикувам, на 15 јули да го заокружите бројот 3 на коалицијата „МОЖЕМЕ“ , за сигурна иднина на нас, нашите деца, нашата земја. Затоа што гласањето за ВМРО-ДПМНЕ е глас за враќање на режимот.“ – истакна Шахпаска.