fbpx

Заев од Шуто Оризари: До крајот на годината ги отвaраме поглавјата за преговори со ЕУ и европските фондови, и тргнуваме заедно да ја решиме оваа пуста сиромаштија!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Денеска успеавме да ги исполниме нашите стратешки цели. Денеска Република Северна Македонија е членка на НАТО и после 15 години отвора поглавја со ЕУ. Доби одлука за почеток на преговорите, утврдена е и преговарачката рамка. Вчера Меркел објави дека до крајот на годината ги отвораме и поглавјата за преговори со ЕУ и европските фондови да ја решиме оваа пуста сиромаштија,“ им порача претседателот Заев на граѓаните во Шуто Оризари.

Претседателот Заев рече дека целта на овие храбри политички одлуки е подигнување на економскиот стандард на граѓаните, на нашиот народ, на младите, децата и идните генерации.

„Што сме ние поразлични од Западна Европа?! Имаме работлив народ, прекрасни млади луѓе, имаме одлично поднебје, Господ ни дал убави годишни времиња, и одлична географска локација, обработливо земјиште. Имаме сé што ни треба. Каде и да одиме, Роми, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, сме пример за работници надвор од државата. Најдобри работници од сите! Сега веќе немаме непријатели кај соседите да ни ставаат вето и да не кочат. Тоа се наши пријатели и стратешки партнери. Целиот демократски свет во Европа, Германија, Англија, Италија, Франција, во Америка, Вашингтон, сите сакаат да ни помогнат и да не поддржат. Сега со решени проблеми како членка на НАТО, со преговори за влез во ЕУ конечно го доживеавме денот за којшто се боревме од независноста, да го дигнеме економскиот стандард, да ја решиме сиромаштијата, да им најдеме работа на сите, да може да имаат поголеми плати, да бираат работни места. Старите луѓе да дочекаат повисоки пензии, да има поголем стандард, да има водоводи и канализации секаде, убава инфраструктура, детски градинки, училишта, да има секаде Домови на култура, да ја нeгувамe и ромската и македонската култура, и бошњачката и српската и албанската и турската“, рече претседателот Заев.

За да продолжи земјата на правиот пат претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги повика граѓаните на Шуто Оризари да излезат масовно на избори, според безбедносните протоколи да гласаат за бројот 3, за СДСМ и коалицијата „Можеме“ и да ја обезбедат сигурноста и иднината на земјата, а опасноста што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ да ја испратат во минатото.

Последни вести