Соопштение за јавност
Лукаревска на трибина во Шуто Оризари: За нас разликите се заедништво, Ромите никој никогаш веќе нема да ги понижува како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ
Градевме едно општество за сите. За нас разликите се заедништво. Имам пријателка Ромка, никогаш не сум рекла дека ќе ја влечам за уши за да гласа како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ на чело со Гордана Јанкуловска кога се изживуваа врз сите. И ако ги правиме разликите за ВМРО-ДПМНЕ вистинската страна е уцени, закани, манипулации заплашувања, за нас вистинската страна е повисоки плати и пензии, пад на невработеноста, да ги задржиме младите тука во државата.
Се грижиме за ранливите категории на граѓани, ќе изградиме повеќе од 700 социјални станови. Недела ќе биде неработен ден, ќе биде ден за семејството. Децата од семејства со ниски приходи, бесплатно ќе одат во градинка. За 34.000 семејства ќе обезбедиме гарантирана минимална помош!
Ќе се борам цврсто да ги задржиме младите овде во нашата држава, да не бегаат надвор како што тоа го правеа во време на ВМРО ДПМНЕ. Даваме шанса да го развиваме младинското претприемништво со поддршка до 15 илјади евра.
Со концептот 50/50 ја сменивме политичката перцепцијата во нашата држава. Ветувам дека и понатаму ќе се бориме за родова еднаквост во нашето општество, но да не заборавиме кој најмногу ни помогна да се исполни оваа наша заложба, претседателот Заев и сите наши партиски колеги.
На 15 јули треба да продолжиме да чекориме напред, кон подобро утре. СДСМ заедно со коалицијата Можеме знае, сака и може да победува!